Со изрекување на првостепената пресуда за Ратко Младиќ, се поставува прашањето каде сега осудениот воен злосторник за геноцид во Сребреница, ќе биде на робија доживотно.

Секако, тој има право на жалба, а тоа неговите адвокати ќе го искористат, што значи, според познавачите на состојбите, Младиќ уште најмалку де години ќе остане во ќелијата во Хаг.
Сепак, постојат четири можни сценарија за одлежување на казната. Имено, Младиќ може да лежи во затвор во Хаг, Србија, Русија и Скандинавија.
Сценарио 1: Хашка ќелија
Младиќ во затворот во Хаг помина шест години, најмалку уште две ќе биде таму, додека заврши жалбената постапка. Дека може и подолго да остане таму, говори и фактот што тој десет години се криеше од лицето на правдата.

Келијата на Младиќ во Хаг
Сценарио 2: Скандинавија
Во два шведски затвора казната ја одлежа и осудената Билјана Плавшиќ, која пак и го искористи шведското законодавство кое дозволува порано пуштање од затвор ако се одлежани две третини од казната. Таа беше осудена на 11 години затвор, но бидејќи ја призна вината беше пуштена порано. За Младиќ таа можност не постои.

Келија Шведска
Сценарио 3: Русија
Русија во март годинава официјално го извести Хашкиот трибунал дека може да пружи сместување и медицинска грижа за Младиќ. И дека секогаш кога ќе биде потребно тој ќе може да се врати во Хаг, но судот таа можност ја одби, за сега.
Сценарио 4: Србија
Младиќ најрадо би се вратил во Србија, за што и Србија пружа гаранции за лекување и сместување, како и гарантира дека нема да избега, но праксата покажала дека ни една земја која била учесник во злосторствата за кои е осуден виновникот не може да биде место на издржување на казната затвор.