Сценаристот на „Паркот Јура: Пропаднато кралство“, Колин Тревороу на Твитер објави куса снимка од новото продолжение на филмот „Паркот Јура“, чија премиера е закажана за 22 јуни 2018 година.
Тоа е прва објавена снимка од филмот, на која глумецот Крис Прат игра со мало диносаурусче.
– Очигледно, кога немате вистински диносауруси, ангажирате луѓе да ги глумат. Но, ги обожуваме механичките кукли. Му даваат душа и реалност на сето тоа. Се обидуваме да најдеме рамнотежа меѓу механичките кукли и компјутерските анимации, нагласи сценаристот во коментар.
Претходното, четврто продолжение на филмот „Паркот Јура“ најмногу беше критикуван поради „прекумерните компјутерски анимации“