Американскиот магазин „Венити фер“ објави дека американскиот претседател Доналд Трамп обелоденил детали за тајна израелска мисија на уфрлување во групата на Исламска држава длабоко во Сирија.

Израелската единица за контратероризам работејќи заедно со членовите на Мосад, дошла до информации дека групата Исламска држава во Сирија развила бомба која може да се стави во лап топ и да помине незабележана на аеродромите контроли.
Трамп, наводно оваа информација ил ја дал на руските официјални лица. Во извештајот се наведува дека тоа откритие ја навело неговата администрација, како и британските власти, да забранат лап топ и други уреди да се пренесуваат со авион додека аеродромите не бидат во состојба да спроведат засилени контроли.
Претседателот на САД наводно оваа информација им ја пренесол на Русите, а пред тоа не се консултирал со израелската страна, за таквата одлука.
Американскиот магазин наведува дека кршењето на израелско-американската доверба има последици на поширокиот Близок Исток, затоа што Израел проценил дека Русија би можела такви разузнавачки информации да пренесе на своите сојузници Иранци.