Ума Турман постави статус на Инстаграм со што индиректно откри дека била жртва на сексуално злоставување на филмскиот могул Харви Вајнштајн.

Таа вели дека благодарна што е жива, за сите оние кои ја сакале и кои имале храброст да се заземат за другите. Поставувајќи хаштаг #MeTooалудираше на тоа дека е жртва на Вајнштајн.
„Среќен ден на благодарноста! Освен тебе Харви и на твоите зли соработници. Среќна сум што се оди полека, затоа што не заслужуваш куршум“, напиша таа.
Статусот го поддржа со фотографија од ликот Беатрикс Кидо од филмот „Kill Bill: Volume 2“ кој го продуцираше Miramax чии основачи се Харви Вајнштајн и неговиот брат Боб Вајнштајн. Во тој филм Ума глумеше жена која беше во поход на крвава одмазда.
Вајнштајн е обвинет од бројни жртви за сексуално злоставување, а хаштагот #metoo го користат жени кои биле негови жртви, но се прошири и на оние жртви од други злоставувачи. До сега 93 жени го обвинија Вајншајн за злоставување.
https://www.instagram.com/p/Bb2h0hBlV3T/?taken-by=ithurman