ВИДЕО: Велија и се врати на А1 – Погледнете што најде во телевизијата!

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Денеска се одбележуваат седум години од полицискиот упад во А1 Телевизија. Сопственикот на затворената телевизија Велија Рамковски и поранешни вработени во телевизијата се собраа пред зградата на телевизијата.

Рамковски оцени дека и 7 години по затворањето луѓео ја бараат телевизијата бидејќи ниту една од постоечките телевизии се уште не ја достигнала.

А1 Телевизија е под полициска опсада. Полициски возила и џипови, доцна попладнево ја блокираа телевизијата. Сите новинари на А1 и снимателите, се оневозможени да работат и забранета им е слободата на движење. Припадниците на полицијата се сеуште пред вратата на А1 Телевизија. Останете со нас вечерва …“ – известуваше таа вечер на 25 ноември 2010-та година, најгледаната телевизија.

Рамковски претходно беше низ просториите на затворената телевизија.