Пет тајни на успехот на Опра Винфри

од desk2
120 прегледи

Водителката, продуцентка и актерка Опра Винфри се смета за највлијателна жена во светот. Таа со својата емисија инспирира многу луѓе, па заработи титула кралица на сите медиуми.

Таа растеше во сиромашен крај и често беше жртва на расизам. Во тинејџерските години била и сексуално злоставувана.

Но, по целата таа болка, успеа да ги оствари своите соништа, а денеска е инспирација за многу жени.

Познатата водителка многупати раскажува за тајните на својот успех, а еве некои од нив

Пронајди го својот сон

Бабата на Опра работела како слугинка, и очекувала нејзината внука да се занимава со истата работа. Нејзина најголема желба била да пронајде добро семејство за кое ќе може да работи, каде ќе ја ценат и почитуваат. Но, Опра длабоко во себе знаела дека тоа не е тоа што таа го сака. Го слушала внатрешниот глас и се потпирала на инстинктот кога донесувала одлуки, и тоа ја довело на вистинското место во животот.

Направи чекор

Кога еднаш ќе ги пронајдеш своите соништа, време е да им се приближиш. Поставете си го прашањето: Што е мојот следен чекор? Тогаш направете го, и тоа постојано правете го додека не стигнете на целта.

Зграбете ја приликата

Опра не верува во среќа. Таа смета дека се што ви се случува во животот ве подготвува за вистинскиот момент кој треба да дојде. Треба да ги прифатите тие искуства, за да ја зграбите приликата.

Може да се контролирате само себеси

Шоуто на Опра Винфри беше една од најпопуларните американски телевизиски емисии со децении наназад. За да го одржи тој успех со години, Опра имаше едноставен пристап кон другите конкурентки емисии: не губете време на нив. Затоа што не можете да ги контролирате другите, туку само себеси. Работата е во тоа да преиспитате што може да направите.

Сите бараме иста работа

Во својата емисија, Опра им даваше една работа на сите луѓе, сочувство. Тоа поттикнува искрено уверување дела луѓето не се разликуваат. Дури и кога стана милијардерка, Опра рече дека нема разлика меѓу нејзе и нејзината публика. Освен фактот дека понекогаш можеби таа има подобри чевли.