Врз основа на тие зборовите на поранешниот претседател Киро Глигоров, Грција ги гради своите тврдења за името Скопје, Македонија, Горна ,Северна…

Во време кога и во 21 век се водат спорови за и против македонскиот идентитет, е добро да го видиме и оваа кажување на некогашниот претседател на Македонија Киро Глигоров, направена на 6 март 1992 година, каде што тој објаснува кои сме и какви сме, пишува “Вечер “. Глигоров им рече на грчките новинари: “Ние сме Словени, дојдовме на овие земји во VI век и немаме врска со цивилизацијата Александрова!”
https://youtu.be/9opi-M9E37A
Три години подоцна Македонија ќе си го смени националното знаме од сонцето од Вергина, со новоформираниот дизајн на Мирослав Грчев, како и името на државата Македонија со “привремената “кратенката ФИРОМ.
Грција често ги користи овие зборови на Глигоров како аргумент за своите барања во однос на уставното име, , особено политиките на Никола Груевски кој буквално се фати токму за спротивното за големата александрова Македонија. Тоа се двете крајности кои назад ја влечат Македонија,но останува и дилемата ,а зошто овој запис повторно е актуелен.