Големиот овален розов дијамант продаден е денеска за 32,16 милиони долари на аукција во Хонгконг.

Дијамантот кој има 14,93 карати го купи неименувано лице која упати понуда преку телефон, што беше дочекано со аплауз во салата.
Аукциската куќа Christie’s соопшти дека ова е втора по висина платена цена по карат за еден розов дијамант, зад петкаратниот розов дијамант кој во 2009 година беше продаден во Хонгконг за 10,78 милиони долари.
Проценетата цена на дијамантот со име „Розово ветување“ била 42 милиони долари, но не е постигната, пренесе AFP.
Апсолутен светски рекорд е постигнат порано оваа година, кога огромен дијамант „Розова ѕвезда“ беше продаден од аукциската куќа „Sotbis“ за 71,2 милиони долари.