Светска голманска легенда се најде на официјалниот постер за Мундијалот во Русија (ФОТО)

од desk2
138 прегледи

Светската фудбалска федерација (ФИФА) и домаќинт на претстојното Светско првенство идното лето, Русија денеска во московското метро го промовираа официјалниот постер за претстојниот Мундијал, на кој познатиот руски уметник Игор Гурович го сави легендарниот – Лав Јашин.


На постерот е Јашин, кој има четири настапи на Светските првенства во една од најпознатите фотографии од него, облечен во традиционално црна опрема, а на топката која ја фаќа е отсликана топографијата на најголемата земја на светот како што се гледа од вселената. Во уметничка смисла, Гуровиќ инспириран од руското движење кон конструктивизам од 20-те години на минатиот век, го направил плакатот, на кој зраците на светлост кој произлегуваат од топката ја симболизираат енергијата на турнирот, а зелениот круг ги претставува 11-те стадиони на кои ќе се играат мечевите од најголемиот фудбалски спектакл.

Делумно, топката го прикажува светот, со поглед од вселената на територијата на Русија.

„Официјалниот постер за Мундијалот во 2018 година е вистински одраз на руското иметничко и фудбалско наследство. Многу сме горди на богатата историја која ја прикажува преку така важна икона и го слави турнирот на руското тло“, вели Фатма Самура, генералниот секретар на ФИФА.

Јашин играше на четири Светски првенства 1958, 1962, 1966 и 1970 година и е единствен голман во историјата кој освоил Златна топка.