Вашингтон го предупредува Пјонгјанг: Ако дојде до војна, ќе бидете уништени

од desk2
83 прегледи

Соединетите американски држави ги предупредија севернокорејските власти дека ќе бидат „целосно уништени“ доколку дојде до војна.

Ваквата реакција на официјален Вашингтон следува откако Пјонгјанг ги тестираше новите интерконтинентални ракети со дострел до САД.

На синоќешната вонредна седница на советот за безбедност на он, американската амбасадорка во светската организација Ники Хејли го повтори предупредувањето од Доналд Трамп и побара од меѓународната заедница да ги зајакне санкциите против Северна Кореја.

Хејли истакна и дека САД од Кина побарале да престанат да ја снабдуваат Северна Кореја со нафта.

Слични содржини