119
Светиот синот на Бугарската православна црква (БПЦ) соопшти дека преговорите за „прашањето на Македонската православна црква“ ќе започнат откако ќе се одржи заседание на комисијата задолжена за овој случај, на кое ќе биде утврдена стратегијата за дејствување.
Синодот на БПЦ на своето заседание одржано на 27 ноември реши да се формира комисија која ќе го разгледува „прашањето на Македонската православна црква“.
Во соопштението се наведува и дека официјална делегација на БПЦ на покана на рускиот патријарх Кирил, ќе замине во официјална посета на Москва, каде ќе учествува на свеченостите по повод стогодишнината од одржувањето на Серускиот помесен собор и обновувањето на патријаршискиот статус на Руската православна црква.