Ќе има санкции против актерите кои што ја откажаа вчерашната претстава „Ничија земја“, затоа што театарот постои за публиката, а вчера вративме полна сала, изјави директорот на Македонскиот народен театар Драган Спасов Дац.

– На мое инсистирање да се игра претставата не ме послушаа и ја одложија. Се собравме и разговаравме. Тие дадоа изјава и таа ќе биде и јавна. Реков дека сите до еден ќе бидат санкционирани со казна, што е нормална за вакви работи, изјави Дац.
Во ред е да се солидаризираш со некој актер, продолжи тој, но нека се солидаризираат денеска, да излезат надвор и да направат нешто, а не да вратат 600 луѓе публика.
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, рече дека бојкотот на претставата покажува само колку македонската држава е се уште заробена од претходниот систем и колку партизацијата е длабоко навлезена во инстутуциите.
– За нас е нормално и прифатливо да се солидаризираат, но ги повикуваме сите вработени во културата добро да размислат со кого се солидаризираат и за какви акти, изјави Алаѓозовски.