Сексот повеќе не продава: Се затвора последното еротско кино во Париз

од desk2
138 прегледи

Последното кино во кое се прикажуваа порно филмови во главниот град на Франција, Париз, ќе биде затворено до крајот на годината.

Тоа е крај на една ера.

Киното ќе ги затвори вратите откако сопственикот кој има 74 години, реши да се пензионира.

„Не забележував како времето лета, затоа што беше задоволство да се доаѓа на работа“, вели Морис Лароше за Le Parisien.

Но, Лароше, кој е директор на киното The Beverley во вториот арондисман на градот откако го купил во 1993 година, вели дека во последните години киното се соочило со јака конкуренција од онлајн порнографијата.

„Кога 10-годишни деца може да гледаат порно на компјутер, не може да опстане кино“, вели Лароше и се сеќава дека имало времиња кога неделно продавал 1.500 до 2.000 карти, а сега е среќен ако неделно продаде 600.

Според него, во киното доаѓале луѓе од сите возрасти, од 18 до 101 година и од сите слоеви на општеството.

Се сеќава дека еден виден политичар му рекол дека треба да добие медал за заслуги за тоа што го прави за општеството.

Исто така, вели дека помогнал и во репродукцијата на луѓето. Имено, една двојка пред неколку години дошле да го запознаат со нивното бебе, кое велат, било направено токму во киното.

Низ годините кината исчезнуваа особено порнографските, а во Париз своевремено имало и 110 такви кина, но сега ете, се затвора последното.