
Магнетни бури денес удрија на земјата. На ова укажуваат геомагнетските прогнози. Нивниот врв се очекува во доцните попладневни часови. Иако речиси цел месец слабеат, тие сепак ќе предизвикаат нови пречки во магнетосферата. Деновиве се очекуваат и нови магнетни бури односно на 18 декември.
Влијанието на денешниот феномен ќе се почувствува во текот на следните два дена, додека магнетосферата ќе биде мирна до 7-ми декември. На 11, 12 и 13, повторно се соочуваме со слаби магнетни бури.
Потоа неколку дена ќе има смирување, а новиот дел од магнетните бури ќе не погоди на 18-ти. Нивното влијание ќе се почувствува два дена пред и по врвот на феноменот.
Лекарите предупредуваат дека феноменот има негативни последици за посензитивните луѓе и може да предизвика главоболки, вртоглавица, гадење, па дури и депресија. Најмногу подложни се стари лица и деца, како и лица со кардиоваскуларни проблеми кои треба да внимаваат затоа што ќе има услови за срцеви удари и други слични болести.
Кај некои луѓе, магнетните бури го зголемуваат крвниот притисок и во текот на овие периоди, се пријавуваат повеќе хипертензии.
Според голем број на студии, овие денови го намалуваат производството на хормонот мелатонин, кој помага да се приспособат.