САД направија сојуз со Балканот

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Проектот за нова стратегија на Балканот  веќе е  презентиран во САД. Нејзините три клучни елементи
се: постојано воено присуство на САД во регионот, помирување со Србија и активно посредување при
решавањето на регионалните спорови. Изворите на “Комерсант” во балканските владини кругови сметаат дека усвојувањето на оваа стратегија ќе значи враќање на САД во регионот и обид да не се допушта засилувањето на руските позиции таму.
Проектот за нова балканска стратегија е развиена од американскиот Атлантски совет , а  минатата недела таа беше претставена во Вашингтон. Иако документот со нарекува “Балкан напред – нова
американска стратегија за регионот” не носи официјален карактер, наскоро тоа може да биде платформа за балканска политика на САД.   Атлантски совет се смета за структура, блиска до Стејт департментот и американската администрација, а  неговите претставници задолжени за Балканот, активно учествуваа во презентацијата на проектот за нова стратегија. На нејзиното претставување беа поканети министрите за надворешни работи на Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, кои потоа одржаа посебна средба со советникот на американскиот претседател за национална безбедност Херберт Макмастер.

Новата американска стратегија на Балканот содржи три клучни елементи:

Првиот – постојано американско воено присуство во Југоисточна Европа.  Според авторите на документот, воената база Бондстил во Косово, која во моментов се користи за потребите на меѓународните сили на КФОР, е совршено прилагодена за оваа намена.
Вториот – историско помирување со Србија “, што може и треба да стане близок партнер и сојузник на САД во регионот – под услов да се дистанцира од Русија”.
Третиот – активно посредување на Америка во решавањето на регионалните спорови.

На Балканот има  многу сериозна и заинтересираност за документот издаден од Вашингтон.

“Чувството на новата американска стратегија – во поактивно учество во балканските прашања.

А во суштина, враќање на Балканот по деценија на во голема мера повременото присуство таму – воедно регионот беше препуштен на ЕУ, која и  самата се покажа дека е во криза “, појасни извор на Комерсант
во владини кругови на една од балканските земји.

“Ова исто така ќе биде одговор на обидите на другите нерегионални играчи – пред сè Русија, како и Кина и Турција – да го зајакнат нивното влијание.

И Белград гледа нови можности за стратегијата на САД.  Сосема природно зголемен интерес новата американска стратегија предизвика во Србија, на
која се одвојува особено внимание во документот.

Претседателот Александар Вучиќ ја опиша стратегијата како “важна тема”. А близок извор  до српските власти пред “Комерсант”   оцени дека многу од предлозите во проектот се “многу благонаклонети” кон Белград, бидејќи ја “признаваат важноста на Србија во регионот и   ги задоволиува  аспирациите на нејзината влада да има партнерски односи со САД”.
На овој стремеж на Белград, впрочем, се потпираат и авторите на документот. Тие се повикуваат на
признанието на самите српски власти дека ”  НАТО како симбол да се согледува главно негативно
од Србите и членството на земјата во Алијансата да не стои на дневен ред / барем во
блиска иднина / , но проширување на соработката со САД е пожелно “.
Потенцијалната сфера на реализација на третиот елемент од американската стратегија – посредство
во регионалните спорови, како што сметаат изворите на “Комерсант” во дипломатските кругови на
Балканот, е очигледна – тоа е забрзување на нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, а
исто така решавање на спорот за името меѓу Грција и Република Македонија. “Американците би
можеле да влијаат врз Приштина со цел да ја побуди кон исполнување на постигнатите со посредство
на ЕУ договори со Белград – првенствено создавањето во Косово на Сојуз на српските општини што
ќе ја  забрза нормализацијата на нивните односи”, изјави еден од   соговорници на Комерсант. “Треба да се очекува и влијание на САД врз Грција во потрага по компромис за името Македонија,
Хојт Брајан ЈИ одигра важна улога во изнаоѓањето излез од политичката криза во Македонија.
Намерата на Вашингтон поактивно да се зафати со “македонското прашање” се потврдува и од  назначувањето за нов американски амбасадор во Скопје токму на овој главен нивен емисар  за Балканот – заменик-помошникот државен секретар, Хојт Брајан Ји. Тој зеде активно учество вопретставувањето на документот за нова балканска стратегија, уверувајќи дека Америка одамна присутна во регионот и “има намера да остане таму”.
———-
Генадиј Сисиев, дописник на Комерсант за Балканот