Бил Гејтс ги остави своите деца без пари: Ги подготвува сами да се борат за успех во животот!?

од desk4
140 прегледи

Бил Гејтс нема да ја ги остави своите 89 милијарди долари на неговите три деца, но тој ќе ги подготви за нивните чекори во животот. Неговите три деца ќе наследат само 10 милиони … и од таму сами. Сè друго оди во добротворни цели што мора да биде следено и развивано.

Гејтс е роден и израснал во Сиетл, во Вашингтон, каде што на 13-годишна возраст се запишува во средно училиште Лејксајд – приватно училиште што се наоѓа на брегот на езерото Вашингтон.

Додека студира таму, Гејтс ја открива својата љубовта кон компјутерите и се запознава со Пол Ален, со кого подоцна го основаат Microsoft, пишува Business Insider.

Двете најголеми деца на Гејтс – 21-годишната Џенифер и 18-годишниот Рори, исто завршиле Лејксајд додека 16-годишната Фиби во моментов сè уште учи таму.

Џенифер сега е студент на Универзитетот Стенфорд. Лејксајд е едно од најдобрите нешта што ми се случиле, вели Гејтс во говорот изразен во училиштето во 2005 година.

Тогаш тој најави дека донира 40 милиони долари на Лејксајд.

Искуството и увидот во работите кои со Пол Ален ги стекнавме тука ни дадоа самодоверба да создадеме сопствена компанија врз основа на една откачена идеја со која никој друг не беше согласен, имено дека компјутерските чипови ќе станат толку силни што компјутерите и софтверот ќе станат инструмент кој ќе биде присутен на секое биро и во секој дом , вели Гејтс.

Ако тоа не беше Лејксајд, немаше да го има Мајкрософт . Гејтс, сепак, не беше секогаш толку убаво добредојден до Лејксајд.

Во тие денови во Лејксајд учеа само момчиња, мораше да се носи јакна со вратоврска и секое утро се посетувал капела.

Некое време дури не размислував на приемниот испит , вели уште Гејтс во својот говор. Но, решив да се покажам што е можно најдобро на испитот и за моја среќа бев примен , вели Гејтс.

Сега конечно сум подготвен да кажам она што ниту еден син не сака да кажува, особено јавно:  Тато, вие со мама бевте во право.

Во моментов во училиштето учат и момчиња и девојки од 5-и до 12-то одделение, или вкупно 860 ученици. Годишните трошоци на ученик за 2017-2018 година изнесуваат 33.280 долари, во кои не влегуваат дополнителни трошоци за учебници, ручек, лаптоп и транспорт, кои може да достигнат до 4.700 долари. Училиштето е познато по своите одлични подготовки во таканаречената сфера STEM (наука, технологија, инженерство и математика).

Компанијата Niche која собира информации за училиштата во САД, го рангира Лејксајд на прво место во STEM сферата меѓу сите училишта во државата Вашингтон, и на 10-то место во САД. Дали децата на Гејтс се запишани во училиштето со помош на нивниот познат татко, е нејасно, но процесот на прифаќање е доста тежок. Според Private School Review, само 17% од кандидатите во училиштето им се прифатени.