Слика на Вучиќ во училиште, директорот така сакал

од desk2
92 прегледи

Во едно средно училиште во Костолац, Србија, на еден од ѕидовите виси фотографија на претседателот на Србија Александар Вучиќ, а директорот вели дека тој така сакал.

„Не гледам тука ништо лошо. Нашето училиште го посетуваат бројни делегации, а таа е само декорација. Но, тука е желбата да се прикаже култот на државност“, вели директорот.

Додава дека салата многупати при разни посети била декорирана со слики од разни великани, како Михајло Пупин, Никола Тесла, а додека Томислав Николиќ бил претседател и негова слика се наоѓала на ѕидот на неговата канцеларија, која по потреба се преместува во салата за прием.