Седум најстари работи на светот

од desk2
200 прегледи

Со собирање и анализа на информации од бројни научни магазини, потоа различни организации кои се занимаваат со собирање податоци и архивистика, се направи листа на најстари познати работи во светот.

Во овој случај не се работи за оние кои први настанале, туку за оние кои најдолго се одржале во некој облик и постојат. Еве ја листата.

Дрво

Бор, откриен на Белите планини во Калифорнија, е најстаро дрво на планетата. Проценето е дека е старо 5.067 години.

Фотографија

„Поглед од прозорец во Ле Грас“ на Жозеф Нисефор Нијепс е фотографија снимена во 1826 или 1827 година. Таа е најстара зачувана фотографија, бидејќи Нијепс ја испуштил приликата за уште постар рекорд. Имено, тој, обидувајќи се да ископира фотографија од 1822 година, ја уништил.

Ресторан

Ресторанот „Stiftskeller“ отворен во австрискиот град Салцбург во 803 година и ден денска е на истото место и работи во рамки на опатијата Свети Петар.

Бродолом

Откритието на најстарите бродски остатоци се оние на археолозите од Универзитетот во Анкара во 2014 година, во турското пристаниште Урла.

Остатоците на бродот се стари околу 4.000 години, и многу се постари од самото пристаниште кое е изградено во 7 век пред нашата ера.

Храна

За нешто што се мислеше дека е јаглен, се воспостави дека е леб. Тоа е парче најдено во Оксфордшир во Англија, а старо е околу 5.000 години.

Мимија

Не, не е египетска. Мумијата Чинхоро, пронајдена во Чиле потекнува од 5.050 години пред нашата ера. Мумијата што постои веќе седум милемиуми, сепак, почнува да се претвора во желатинска маса.

Инаку, луѓето племето Чинхоро од пустината Атакама, имале обичај да ги мумифицираат своите мртви соплеменици.

Музички инструмент

Со постапка за утврдување старост со радиоактивен јаглерод се утврди дека флејтите направени од коски, а најдени во Германија се најстариот инструмент на светот. Настанале пред 41.000 години, а биле изработени од коски на мамут.