Научникот Едвард Датон тврди дека стануваме се помалку интелигентни

од desk2
103 прегледи

Луѓето се се помалку интелигентни, а причината се подобрените услови за живот на современите генерации, кои ги успоруваат реакциите, ја намалуваат способноста на разликување бои и памтење броеви, па го спуштаат степенот на генијалност, тврди антропологот Едвин Датон.

„Сите овие промени ги констатираме последните сто години. Така нашите генерации стануваат се помалку паметни и помалку интелектуално развиени, а сето тоа е последица на генетиката“, вели Датон, кој предава антропологија на универзитетот во финскио град Оулу.

Според мислењето на Датон, интелектот се наследува во 80 отсто. Во праксата порано постоеше моќна природна селекција во корист на паметните.

Таквите претставници на човештвото обично биле поимотни, а со тоа се и во позиција и да подигнат повеќе потомство.

До моментот на индустриската револуција, во секоја генерација до 50 отсто поимотно население успевале да подигнат 40 отсто потомство, имајќи во предвид дека смртноста на децата била значително поголема од денеска.

Во 19 век, нивото на интелектот стана повисок, што довело до важни откритија. „Дојде до индустриска револуција“, наведува Датон и укажува на појавата на вакцините, кои ја намалија смртноста.

Истовремено, во сиромашните семејства почнаа да остануваат повеќе деца, а поимотните, кои биле подобро образовани имале помалку принови.

На овој тренд, освен контрацепцијата, влијаел и фактот дека жените од поимотните семејства се школувале и почнале да работат, со што имале помалку прилика да бидат исклучително дома и да подигаат бројно семејство.

Неговата теорија, на многумина не им се допаѓа, но сметаат дека има основи.