Компаниските новогодишни журки неретко завршуваат со секс меѓу колегите, покажа истражувањето на компанијата „LELO“. Според нивните резултати 40 отсто имале секс со колега, а 83 отсто би го повториле сексот.
„Најнемирни“ се покажале вработените во продажба, а потоа оние од здравство и транспортните работници и логистичари.
Повеќе од половина испитаници (52) отсто велат дека својата авантура ја почнале како последица на привлечност кон некој колега, додека 31 отсто не можат да објаснат како дошло до секс.
Сепак, ретко се бира да се замине во кревет со претпоставениот, а најчесто со колеги од ист ранг. Неретко завршуваат во кревет и со дел од послугата на забавите.
Интересно е што 97 отсто од оние кои имале секс на новогодишната забава со колега велат дека непријатна е првата средба потоа на работа.
„Иако оваа анкета ни пружа увид во некои секси факти, па и хумор кога станува збор за компаниски забави, загрижувачки е фактот што не се користи кондом. Употребата на кондом е императив во борбата со половите заболувања и несакана бременост“, вели Стив Томсон од „LELO“.