Како се вика Дедо Мраз во другите европски држави?

од desk2
172 прегледи

Без разлика дали верувате во него или не, сите имате слушнато за Дедо Мраз. Некаде го нарекуваат Дедо Божиќ, а некаде Santa Claus, но дали знаете кое е неговото име низ европските држави?

Варијации на името на брадестиот дедо кој носи подароци за Нова година има многу, а ние, заедно со србите и црногорците, го нарекуваме „Дедо Мраз“ или „Деда Мраз“.

Соседските земји користат слични имиња (пр. во Бугарија се вика „ Дядо Мраз“), но исто така чести варијации се и „ Дядо Коледа“ (Бугарија), „Djed Božićnjak“ (Босна и Херцеговина, Хрватска) и „Božiček“ (Словенија).

Коренот на неговото име во секоја од државите е сличен. Скоро секаде се употребува некоја од комбинациите помеѓу „дедо“, „Божиќ“, „мраз“, „Нова година“, па така кај нашиот западен сосед Албанија оваа личност се вика „Babagjyshi i Vitit te Ri“ (Дедо на Новата година).

Сепак, во некои европски земји подароците не ги носи секогаш дедо, туку тоа е некогаш жена, како што е случајот во Италија. Италијанците ја споделуваат легендата за „La Befana“, стара жена која им носи подароци на децата на 5 јануари, и нејзината приказна е многу слична со онаа на Св. Николас. Таа ги полни чорапите со слатки и подароци доколку децата биле добри, а во спротивно, доколку не биле добри, им остава по едно парче јаглен во чорапата.

„La Befana“ се појавува и во Библијата, таа е жената која тројцата мудреци ја прашале за да им ги даде насоките за да стигнат до бебето Исус. Откако ги упатила, тие ја прашале дали сака да дојде со нив за да му ги остават подароците на бебето, но таа ги одбила. Подоцна се премислила, но не можела да ги најде. Легендата вели дека таа до ден денес оди низ светот, барајќи го бебето Исус.

Во продолжение погледнете ја мапата на Европа со различните имиња на Дедо Мраз.