Американската и руската амбасада се истепаа да го решат загадувањето на Скопје на „Твитер“

од Vladimir Zorba
150 прегледи

 Американската амбасада се огласи на социјалната мрежа „Твитер“ по повод високото ниво на загадување што синоќа  беше измерено во главниот град.

„Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ напишаа од Амбасадата на САД на „Твитер“.

Експересно  на Американците им одговорија  Русите, токму за загаденоста на Скопје.

https://twitter.com/Russian_Emb_MKD/status/941429824559763456

 

 

На профилот на Руската амбасада во Македонија на Твитер беше објавен   смел  одговор на претходно поставеното прашање на Американската амбасада што се вашите предлози .Нивниот предлог е гасовод и тоа руски и тоа тој  кој минува низ Македонија, ама од насока која тие ја сакаат.

Тоа е предлог за  гасоводот „Турски тек“ кој треба да поминува од Црното море преку Балканот со траса низ Македонија па се до Унгарија.  Тезата би била дека Русите имаат решение дури и за загадувањето во Скопје а тоа би било  природен гас до секое домаќинство во Скопје и така  би се решил долготрајно проблемот со загревање и не би се гореле повеќе дрва или други материјали кои го загадуваат воздухот.Сепак та е само злоупотреба на актуелната состојба со загадувањето и за загрозеноста на животите на граѓанит кои се изложени на загадениот воздух.

А колку за показ и синоќа  загадувањето е високо во речиси сите населби. Концентрацијата на штетните ПМ 10-честичките во одделни скопски општини е 6 пати над дозволениот праг од 50 мигрограми на кубен метар воздух.

Мерните станици покажуваа  дека највисока загаденост има регистрирано кај Ректоратот со 610 микрограми ПМ-честитчки на кубен метар. Потоа следува Карпош со 563 микгрограми ПМ-10 честички на кубен метар, па Гази Баба со 562 и Лисиче со 455 микгрограми ПМ 10-честички на кубен метар.

Скопје денеска беше најзагаден град во светот, веројатно на тоа ссакаше да предупреди американста амбасада барајќи мобилизација на граѓаните, а што протнуваат  Русите одоговорот е ваш!