Маршал Сер Стјуарт Пијч кој е началник на одбрана на Велика Британија, инсистираше на тоа дека Велика Британија и НАТО треба да стави како приоритет заштитата на комуникациските линии .
Според него, тоа ни би било ” забавно туку и потенцијално катастрофалeн” удар за економијата , ако каблите бидат скинати или прекинати.
Каблите го преминуваат морското дно, а на тој начин земјите ги поврзуваат континентите.
Говорејќи пред влијателен британски тинк-тенк за одбрана, сер Стјуарт истакнал дека ранливоста на подводниот линии претставува ” нов ризик за нашиот начин на живот “.
“Како одговор на заканата предизвикана од модернизацијата на руската морнарица – и нуклеарни и конвенционални подморници и бродови, ние заедно со нашите атлантски сојузници дадовме приоритет на задачи и мисии за заштита на морските комуникациски линии “, посочи маршалот.
“Тоа звучи како повторно стартување на стари мисии, всушност сакам да кажам дека е многу важно што разбираме колку е важна оваа мисија за НАТО. Зашто Русија во прилог на новите бродови и подморници продолжува да усовршува како нестандардните способности и ресурски , така и информациска војна “, истакна уште највисокиот британски офицер.