Истражувањето кои го спроведоа научници од Универзитетот Де Монтфонт у Универзитетот Улисер покажа дека луѓето кои имаат сестра се посреќни и пооптимисти.

Во истражувањето учествувале 571 лице на возраст од 17 и 25 години, а резултатите покажале дека луѓето кои имаат сестра имаат поврамонтежен стил на живот.
Оние кои имаат сестра се емотивно постабилни, затоа што жените ги поттикнуваат разговорите за емоциите, што позитивно делува на менталното здравје.
Професорот Тони Касиди, кој помогна во реализација на оваа студија, вели дека сестрите поттикнуваат отворена комуникација и кохезија во семејството, додека браќата имаат спротивен ефект.
„Изразување на емоциите е важно за психичкото здравје, а сестрите во семејството влијаат на тоа. Момчињата, по природа, не зборуваат за емоциите. Од друга страна, девојчињата се склони на тоа“, вели Касиди.
Резултатите од студијата која ја спроведоа од Универзитетот Бригам Јанг покажаа дека сестрите не прават подобра личност. Истражувачите истакнуваат дека и да се има брат има бројни предности.