Во текот на ноќта на плажата „Бање“ во Дубровник морето исфрлило противбродска мина од Втората светска војна, јави полицијата.

Во Дубровник, бурата со денови нанесува големи количини гранки, пластични шишиња, и друг отпад, а морето исфрли и експлозивна мина.
Полицијата е на местото каде е најдена мината.