Лидерот на Палестина Махмуд Абас испраќа делегации во Кина и Русија со надеж дека ќе добие поддршка за меѓународно посредување во врска со мировниот процес меѓу Израел и Палестина, пишува “Тајмс оф Израел”.

 

Официјалниот палестински претставник Ахмад Маџадани изјави дека “двете делегации ќе им  ја предадат пораката од претседателот Абас на Русија и Кина,  а целта е да се најде нов меѓународен посредник во мировниот процес, кон работната рамка на ОН со цел замена на американското посредување”, информира палестинска  Вафа.

  Поддршката од две третини во Генералното собрание, всушност, значи отфрлање на одлуката на Советот за безбедност, објасни тој .Мадаџани ќе ја предводи делегацијата во Кина, додека советникот за надворешни работи на Абас, Набил Шаат, ќе ја предводи делегацијата во Русија.

Мадаџани ги отфрли информациите до весникот Азерис дека палестинските делегации  планирале да разговараат со израелски претставници, додека се  во Русија или Кина.