Најдобри локации за гледање на Северната светлина

од desk2
142 прегледи

 

Северните светла (т.н поларна светлина или аурора бореалис) се всушност соларни честички кои се наоѓаат во магнетното поле на Земјата, креирајќи прекрасни нијанси на зелена, магента, и тиркизна боја на небото.

Иако тие се присутни на небото во текот на целата година, најдобриот период за нивно набљудување е од крајот на септември до крајот на март. Еве некои локации низ светот каде може да ја видите магичната аурора бореалис:

1) Фербенкс, Алјаска, САД

Лоциран на 240km јужно од Арктичкиот круг, Фербенкс е една од најпристапните локации за набљудување на аурора бореалис во Алјаска благодарение на интернационалниот аеродром и мноштвото хотели. Тука се наоѓа и ресорот Чена кој на гостите им нуди тури и опција со будење со телефонски повик кога светлата ќе се појават на небото.

2) Сариселка, Финска

Во финскиот регион Лапландија, сезоната на аурората трае цели 8 месеци, од доцна во август до крајот на април.

3) Кируна, Шведска

За заедницата Сами во северна Скандинавија, поларните светла се сметале дека се енергија на душите на нивните предци. Во Кируна може да се престојува и во хотел направен од мраз каде може да се згреете со вреќи за спиење и кожи од ирваси, а на располагање се и обични (топли) соби. Навечер се организира сафари за набљудување на светлата, со традиционалната шведска фика (традиција за пиење на кафе) околу логорски оган.

4) Јелоунајф, Канада

Поларните светла знаат да се непредвидливи, но во селото Аурора во северна Канада ви е гарантирано дека ќе ги видите. На нивниот вебсајт се тврди дека доколку преноќувате 3 вечери, имате 95% шанса барем еднаш да бидете сведоци на оваа појава.

5) Акурејри, Исланд

Целата земја нуди полно можности да ги набљудувате поларните светла, но за вистинско магично искуство треба да се посети северниот дел на Исланд – домот на драматичните пејзажи, полно водопади и геотермални топли извори. За најдобро искуство се препорачува градот Акурејри, каде има многу ниска „загаденост на светлината“, што го прави идеален за набљудување на аурора бореалис