Во Шведска отворен луксузен хотел од мраз

од desk2
90 прегледи

Хотел направен од мраз наречен 28th Icehotel е посебен и изгледа како ледено кралство.

Хотелот е отворен овој месец во Лапланд, Шведска, а на гостите им нуди преноќиште во собите и апартманите изградени во потполност од мраз. Целиот хотел е украсен со уникатни дела на локални уметници.

Сепак, на гостите нема да им студи во ледениот хотел, затоа што на располагање имаат многу топли ќебиња и облека за престојот да им биде пријатен. Секоја соба има уникатен изглед, а погледот на снегот во околината е неверојатен.

Во секоја соба има импресивни скулптури.

Хотелот се наоѓа 200 километри од Арктичкиот круг, а се прави секоја година и тоа кога ќе се заледи реката Торне. Материјалот за хотелот доаѓа токму од таа река, а за изградба се потребни 1.000 тони мраз.

Температурата во собите и апартманите е константна и изнесува минус 5 степени Целзиусови.

Хотелот нуди богата програма на зимски активности, меѓу кои и возење со санка.

Хотелите направени од мраз станаа популарни во минатите неколку години, а ги посетуваат туристи желни за уникатен зимски одмор.