(ВИДЕО) Зошто се скараа Ахмети и Села – Ахмети вели Села ме разочара!?

од desk4
100 прегледи

Зошто се скараа Ахмети и Села, вчера во емисијата Клик Плус на ТВ21 објасни самиот лидер на ДУИ, Али Ахмети.

Тој рече дека Зијадин Села го навредил во моментот кога го нарекол него иницијатор за неговото физичко елиминирање на 27 април во Собрание. Ахмети реча дека соработката со Села завршила уште пред 3 недели, кога прифатил средба со него, но тој не се појавил.

„По 30 секунди го повика Џафери, за да пијат кафе, и Џафери остана со телефонот во рака. Одговорот беше дека нема да дојде. И тоа се случи пред три недели. И јас тука ставив точка“, вели Ахмети.

Ахмети исто така рече дека е разочаран од тоа што Села го нарекол иницијатор на вооружениот инцидент во Диво Насеље во Куманово.

Лидерот на ДУИ рече дека никогаш нема да излезе на ТВ дебата со сегашните лидери на албанските партии бидејќи тие него постојано го навредувале и напаѓале. Тој во исто време ги обвини албанските партии за поделба на гласовите.

„Ќе го сменам политичкиот курс. Нека се опаметат и нека ги обединат Албанците а не да ги делат. Ги поделија Албанците. Голем срам. Срам ми е да одам на средби. 6 албански делегации тука. 2 се македонски, една опозиција и една на власт. Доаѓа Беса со 6 гласа, Села со 3-4, Тачи со 2-3, доаѓа Ахмети со 2-3, Острени со 2-3, срам пред светот сме“, додаде Ахмети.

Ахмети зборуваше и за позицијата на неговата партија. По зачленувањето на Македонија во НАТО, тој рече дека е можно да се повлече од политичката сцена.

„И јас ја разгледувам моја политичка позиција, бидејќи се затвора едно големо политичко поглавје. Членството на Македонија во НАТО нема да значи стабилност само за Македонија туку за целиот регион“, истакна Ахмети.

Ахмети беше прашан и за грешките во учебниците. Во врска со тоа тој рече дека образованието се соочува со големи проблеми во Македонија, Албанија и Косово. Според него, вината не е во политиката туку кај издавачите и лекторите на учебниците.