(ВИДЕО+ФОТО) „Старото Пунто„ на Груевски ѕвезда на вчерашниот протестен конвој

од desk4
79 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски, вчеа го предводеше протестниот конвој од автомобили во знак на поддршка на притворените партиски функционери за насилниот упад во Собранието од 27 април.

Тој возеше „Фиат Пунто“ кое, според порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ е старо 20 години и е во негова сопственост.

Сепак, Груевски во својот имотен лист поднесен од позиција на пратеник во Собранието, нема пријавено никаков автомобил, па ниту овој.

 

И додека со ова Груевски веројатно сака да ја покаже својата скромност и да ги демантира истрагите на СЈО за милионски провизии, токму во „бомбите“, јавноста можеше да слушне како тој барал преку МВР да се купи Мерцедес од 600 илјади евра за тој да може да се вози во него далеку од очите на јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ вчера со почеток 18:30 часот пред Спортската сала „Јане Сандански“  организираше протестен конвој од автомобили, кој се движеше по следната делница: Собирно место: Спортска сала Јане Сандански, потоа ќе се движи кон – Железничка станица – Зграда на Црвен крст – Рекорд – Бул. Св. Климент Охридски – Бул. Патизански одреди – Рузвелтова – Бул. Илинден – Зграда на Влада на Република Македонија – Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Видео – ТВ24