НАСА се подготвува за нешто невидено во Соларниот систем

од desk4
83 прегледи

Програмата New Frontiers на НАСА одбра две мисии за потенцијална реализација во текот на следната деценија, соопштува интернет изданието Engadget.

Целта на новите мисии е изучување на месечината Титан на Сатурн и земање на примерок од комета. Едната мисија се нарекува CAESAR.

Тоа подразбира испраќање на робот на кометата 67P / Churyumov-Gerasimenko. Предметната комета веќе е позната на научниците по мисијата “Розета” на Европската вселенска агенција, во која на неа слета и робот “Филе”.

Целта на ЦЕСАР, сепак, не е само успешното слетување на кометата. Роботот ќе мора да земе примерок од неа, а потоа да го врати на Земјата за детална анализа. Паралелно со ова веќе кон астероидот Bennu патува друг робот од мисијата OSIRIS-REx, која има со слична цел.

Другата нова мисија е Dragonfly. Таа предвидува испраќање на еден вид вселенско летало до месечината Титан на Сатурн.

Се смета за најреален потенцијален објект во Сончевиот систем кој може да има услови за живот. Апаратот Касини дури откри и присуство на молекула која може да биде основа на живите организми.

Целта на Dragonfly ќе биде токму да ги провери овие откритија и да даде конкретни податоци колку Титан може да биде корисен за појава на живот. Овие мисии треба да се спроведуваат помеѓу 2020 и 2030 година.