Три најшармантни, но најпреврливи машки знаци

од desk2
179 прегледи

Според Зодијакот, следните три знаци поседуваат посебна харизма на која паѓаат жените, но и доза превртливост.

Овен

Кога се работи за додворување, Овенот е директен и агресивен. Колку пристапот е појак, толку подобро.

Овновите се подложни и на комплименти. Сакаат да слушнат дека се најпривлечни на планетата. Но, слободно може да му се спротивставите. Ним расправите им се многу привлечни. На тој начин перфидно ќе стигнете до неговото срце.

Овновите обично брзо се заљубуваат, интензивно и со целото срце. Односот со нив е динамичен и страстен, а нивните чувства се екстремно длабоки.

Сепак, малку се безобразни во љубовта

Борбите со нив се прилично чести, па кругот на кавги и помирувања трае. Или, додека страста не исчезне.

Штом тоа се случи, тие ќе ја прекинат врската и ќе побараат друг. оОжат да функционираат само со некој кој постојано им е предизвик.

Лав

Харизматичен и многу сака внимание, Лавот има огромна доверба во своите способности. Оптимист и независен, лесно станува центар на внимание и знае како да остане таму.

Тој е одговорен во врската, но може лошо да ги третира подредените. Неизмерно е тврдоглав, едвај прифаќа пораз и неуспех.

Партнерите мора да ја сфатат неговата страст за успех во животот и треба да бидат подготвени да ласкаат и да охрабруваат. Најлошо што може да направите со Лавот е да го игнорирате или да не ги забележувате неговите постигнувања. Ако сакате да го освоите, тоа ќе биде тешка борба.

Затоа да ви кажеме дека најпаметно е да се откажете.

Риби

Машките риби сакаат да заведуваат и ретко во тоа ги вклучуваат емоциите. Може подоцна, но и тогаш е прашање.

Имаат галантен став, па секоја жена на кратко чувствува дека е една и единствена. Тоа е само тактика, за неговите партнерки да се опуштат и да се препуштат.

Мажот риба има тенденција да лаже и да биде лицемерен.

Тој се заљубува силно, потребно е многу труд и трпение да се изгради солидна врска со него.