Американскиот амбасадор во Холандија запрепасти телевизиски новинар прогласувајќи за лажни вести сопствен цитат, з кој тврди дека не го кажал.

Известувачот Воутер Цварт го пго праша новоименуваниот амбасадор Пит Хокстер за коментар на неговата изјава од 2015 година за исламскиот ектремизам во која вели дека во Холандија постојат „зони во кои не смее да се влезе“.
„Тоа е неточна изјава. Може да речеме лажна вест, јас тоа никогаш не сум го кажал“, вели Хокстер.
Цварт, меѓутоа, рапослагаше со видео снимка на која Хокстер јасно вели дека во „Холандија владее хаос“, дека се „плаат авотмобили“, а на “политичарите им се нанесуваат изгореници“ како и дека во „Холандија постојат зони во кои не смее да се влезе“.
Откако му ја покажа снимката, известувачот Цварт го изнервира Хокстер прашувајќи го дали се тоа лажни вести.
„Не реков дека се лажни вести, не ги употребив тие зборови денеска. Не, мислам дека не“, рече амбасадорот.
Американскиот претседател Доналд Трамп,инаку, често ги критикува медиумите за лажни вести, а во ноември Колинс го прогласи за збор на годината.
Хокстер е роден во Холандија, како дете заминал во САД и сега е пратен за амбасадор во својата родна земја.