Nike и KITH ги здружија силите за да го направат и промовираат новиот мини-документарец за Кралот на НБА лигата, Леброн Џејмс. Документарецот го следи детството и раната кариера на Џејмс и има интервјуа со многу личности кои влијаеле на Кралот.

„Long Live the King“ го прославува животот на Леброн Џејмс во и надвор од теренот, од неговите почетоци како кошаркарски вундеркинд од Акрон, Охајо, па сѐ до неговото влегување и владеење со НБА лигата во последните 15 години.
Во филмот дадоа изјави личности кои се блиски со Џејмс, од неговиот бизнис-партнер и најдобар пријател Маверик Картер, неговиот поранешен тренер Кит Дамброт и извршниот директор на Nike, Лин Мерит.