Се продава летниковец на папата на северот на Италија

од desk2
145 прегледи

Планинско одморалиште во близина на границата со Франција, во кое папата Јован Павле II и неговиот наследник папата Бенедикт XVI ги поминуваа летните одмори, ставено е на продажба.

Новинската агенција ANSA извести дека Салезијанците (римокатолички црковен ред) во чија сопственост е одморалиштето во планинскиот дел на долината Аоста во северозападна Италија, велат дека го продаваат поради тешкото одржување.

Папата Јован Павле II, кој планинареше цел живот, во тоа одморалиште помина 10 летни одмори, на надморска висина од 1.300 метри, а папата Бенедикт одморалиштето го посети само два пати.

Токму таму, Бенедикт го скрши зглобот на раката во 2009 година.

На огласот за издавање кој е поставен на интернет, ова одморалиште е опишано како „планинска викендица на Јован Павле II“, и се наведува дека има 124 кревети и 22 бањи и нуди различни погледи.