Богатите се егоцентрични, сиромашните среќата ја наоѓаат во другите луѓе

од desk2
98 прегледи

Богатите луѓе чувствуваат позитивни емоции кога се свртени кон себе, што ги прави егоцентрични и себични, додека оние со пониски примања среќата ја наоѓаат во другите луѓе.

Според истражувањето на Здружението на психолози на Америка, луѓето со пониски примања чувствуваат љубов и сочувство, емоции кои се поврзани со други луѓе, додека богатите среќата ја пронаоѓаат во себични особини, како гордост.

Истражувањето објавено во магазинот „Emotion“, е направено на 1.519 испитаници.

Место да ја мери среќата тие ги споредиле финансиите на секој испитаник и колку често чувствуваат седум од позитивните емоции: забава, восхит, сочувство, задоволство, ентузијазам, љубов и гордост.

Богатите почесто доживуваат задоволство или гордост, а оние со пониски примања, љубов и сочувство. Тие често се восхитени од другите луѓе и од убавините на светот околу нив.

Кога е ентузијазмот во прашање, немало разлика.