Еден божиќен подарок од 1965 година бара нов сопственик

од desk2
134 прегледи

На првиот сопственик на ова Porche 912, му се исполнил сонот кога за Божиќ 1965 година, добил спортски автомобил. Половина век подоцна, ова напуштено возило бара нов сопственик, кој повторно ќе го врати во живот.

Првично ова возило било испорачано како божиќен подарок на еден Холанѓанец, пред повеќе од 50 години, за потоа да промени уште неколку сопственици.

Сепак, последните 30 години, било чувано во магазин, запуштено и заборавено.

Сега го чека почетокот на февруари и аукциска продажба, на која би требало овој автомобил да го добие својот нов сопственик, со надеж дека подобро ќе се грижи за него од претходниот.