Од џимиринки прави милиони: Ги пакува како чипс за мезе со пиво, a се почнало од мал облог

од desk2
94 прегледи

Еден облог од 500 фунти (околу 560 евра) го направила британецот Ник Колман (35) милионер, а верувале или не, сето ова е поврзано со џимиринки.

Колман, кој инаку е голем љубител на месо, пријател во 2014 година го поттикнал да почне бизнис во кој ќе вложи само мала сума пари. Три години подоцна може да се рече дека тоа е најдобрата одлука која Ник ја донел. Денес од производство на чварки заработува околу 3,5 милиони фунти (речиси четири милиони евра) годишно.

– Облогот ме натера, дали можам да почнам нова работа со ограничен капитал. Наместо да се грижам за тоа како да заработам пари, се сконцентрирав на својата страст и на она што сакам стварно да уживам кога го работам – вели Колман.

Она во што ужива се пабовите и свинското месо, па тие две работи одлучил да ги спои во компанија која се нарекува “Snafling Pig”, а која е специјализирана за производство на чварки, како грицки од свинско месо кои се служат со пиво.

Најпрво се продавале во пакувања како чипс, но во меѓуверме одлучиле да направат промени, па сега се достапни во тегли.