И синоќа воздухот беше загаден во поголем дел од Македонија. Според мерните станици, најголема концентрација на ПМ10 честички има во Лисиче (555 микрограми на метар кубен).

Следуваат Битола, Куманово, Велес и Кавадарци, но и на сите останати мерни станици бројката на ПМ10 честички ја надминуваат дозволената.
Единствена мерна станица која не покажува загадување синоѓа е таа во Лазарополе со само 1 микрограм на метар кубен ПМ10 честички.
Владата веќе донесе итни мерки против загадувањето на воздухот, кои стапуваат во сила доколку среднодневната концентрација на ПМ10 честичките се во текот на два последователни дена над 200 микрограми измерени на најмалку две мерни станици. Претходно мерките се преземаа доколу се надминуваа праговите пет последователни денови.
Како што најави владиниот портпарол Миле Бошњаковски се разгледува и можноста за интервентна набавка на опрема за лична заштита од загадениот воздух, маски со филтри за прочистување, како и за набавка за прочистувачи на воздухсот за училиштата, здравствените центри и градинките.
Според мерките се препорачува да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лица со хронична астма, лица со прележан инфракт или мозочен удар без разлика на возраста. Да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот, забрана за одржување спортски натпревари и други манифестации на отворено и обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош, домашната помош и патронажната служба.
На градежните компании им се наложува да користат вода за намалување на прашината, односно прскање, миење на гумите на камионите пред градилиштата, а градежните машини да ги пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.
Државниот инспекторат за животна средина да изврши ограничување на емисиите од Б-интегрираните дозволи и помалите стопански капацитети и да вршат зачестена контрола на инсталации кои поседуваат А-интегрирана дозвола. Потоа да спроведе мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуват пропишаните услови во дозволата по однос на емисиите во воздухот, а истите ќе добијат препорака да го намалат производоството на 50 проценти.
Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, односно да ја користат обиколницата.
Органите на државната управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатија и АД во државна сопстрвеност, како и општините да ја ограничат до 50 проценти употребата на службените возила и да обезбедат ограничување на работите на објектите каде што се гради.