Откако летово ја обновија романтичната врска, Бруклин Бекам и Клои Морец ја подигнаа врската на повисоко ниво.

Бруклин Бекам и Клои Морец се запознаа како тинејџери, а врската ја почнаа во 2014 година. По кусо раскинување, од летото повторно се заедно.
Иако за својата емотивна врска молчеа, сепак нивните фотографии на социјалните мрежи сведочат за голема љубов.
Последната фотографија која 20-годишната актерка Клои Морец на објави на Инстаграм ги потхрани сомнежите и за веридба.
Имено, на црно-бела фотографија заљубените носат исти прстени, а „Дејли мејл“ пишуваат дека станува збор за златни прстени на кои се изгравирани нивните имиња, што може да значи дека и се вериле.
Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин, се уште не се огласил по гласините, па не се ни потврдени, ни демантирани.
https://www.instagram.com/p/BdBL8nWBHIj/?taken-by=chloegmoretz