Сите понекогаш чувствуваме желба за одредена храна и мислиме дека можеме да изедеме еден тон од неа. Но, тоа значи дека организамот нешто ни јавува, нешто му фали или не е во ред.

Чоколадото е вкусно и многумина ги прави среќни. Ако посаката многу чоколадо, веројатно ви е досадно, несреќни сте или незадоволни.
Желбата за сирење е јасен знак дека телото не добива доволно масти и витамин Д. Овие случаи се почести во зимските месеци.
Ако посакате сладолед во текот на јадењето, значи дека имате проблеми со варењето на храната. Сладоледот е ефикасен против киселини.
Многумина посакуваат паста, шпагети, макарони, кои се богати со јагленохидрати. Обично ја посакувате по напорен ден и физичка активност, што значи ви недостасуваат хранливи материи и калории.
Зачинетата храна по природа е лута, а ако многу посакувате да ја јадете значи дека организмот ви е врел. Кога ќе ја изедете, се потите повеќе и така ќе го разладите организмот.
Виното содржи антиоксиданси кои се корисни за организмот , но не во преголеми количини. Претерана желба за вино покажува дека сте под стрес, а виното е одбранбен механизам.
Краставичките се богати со натриум и пробиотиви, а ако посакате да ги јадете може да е показател за дехидратација.
Помфритот содржи масти и јагленохидрати кои се извор на енергија, па нека не ве чуди ако го посакате кога сте под стрес или уморни.
Слатките се богати со шеќер и исто така сакате да ги јадете кога сте под срес, слаби или уморни. Тие го стимулираат нивото на шеќер во крвта и брзо ви даваат енергија.