
Автобус удри на станица за чекање на патници, која се наоѓала крај метрото “Сходненскаја” во северозападниот дел на Москва. Досега има информации за двајца мртви.
Ова го објавија руските медиуми, повикувајќи се на итна служба на главниот град. Причината за несреќата се уште не е разјаснета. На местото имаамбулантни возила и полиција. Се испитува нападот -дали станува збор за атентат.
#Москва | #РОССИЯ • Пассажирский автобус влетел в остановку. Есть погибшие (ВИДЕО) pic.twitter.com/XO9UXrF7Xk
— PoliteMaps (@PoliteMaps) December 29, 2017
Ве потсетуваме дека за време на католичкиот Божик автобус неконтролирано премина на пешачки подвозник до метро станицата Славјански. Тогаш пет лица ги загубија животите, а повеќе од 10 беа повредени.
