Во Кина најдени јајца од диносаурус стари 130 милиони години

од desk2
129 прегледи

 

Совршено зачувано гнездо со 30 фосилизирани јајца на диносаурус, стари 130 милиони години, пронајдено е во Кина.

Гнездото е откриено за време на градежни работи во кинескиот град Ганжу, познат како „родниот град на диносаурусите“, јавија локални медиуми.

Работниците забележале камења со овален облик во земјата кога со експлозив го разбивале тлото.

Се посомневале дека се работи за јајца од диносауруси и веднаш ги прекинале работите и ја известиле полицијата. Градилиштето е затворено, а известен е и обласниот музеј.

Експертите од музејот во областа Дају соопштија дека се работи за фосилизирани јајца на диносаурус од добата на јура. Меѓу јајцата е воочена црна маса за која е утврдено дека се работи за лушпа.

Градот Ганжу и околните подрачја се богати со наоѓалишта на јајца од диносауруси, особено од видот овираптор.