
Не ги игнорирајте непријатноста, тоа може да биде знак за нешто сериозно
Сексот треба да биде убаво искуство. Но, понекогаш тоа може да предизвика непријатност и болка кај жените. Првата асоцијација е дека тоа може да го поврзете со големината, должината на чинот и дали тоа често го правите. Ако ниту една од наведените причини не е одговорна за вашата состојба, размислете за следните опции и како да го спречите ваквиот проблем да се јавува:
1. Дали сте биле подложени на било кој хормонален третман?
Во многу случаи, кога земате контрацепција, вашата вагина е посува и потешка за навлажнување. Како резултат на тоа, дури и сексот е болен, бидејќи триењето при пенетрацијата е погрубо.
Решение: Користете природни масла за да ја обезбедите потребната влажност.
2. Недостаток на предигра
Природната влага во интимната област бара да биде добро “згрижена”. Ако предиграта е пропуштена или силно скратена, вагината не може доволно да се возбуди и да ги произведе потребните подмачкувања.
Решение: Инсистирајте на исто толку внимание како што треба да ви е непоходно за да почувствувате возбуденост.
3. Дали имате алергии на одредени производи
Производи како латекс кондоми или хемиски состојки во интимниот дел или примена на гел може да доведат до несакани ефекти и да ја нарушат микрофлората на вагината со што може да ве направи повеќе чувствителни и лишени од заштита. Или дури и да ја разгори.
Решението: потпирај се на тестирани од вас производи и ако имате сомнеж за нешто, проверете дали не сте алергични на него.
4. Не ја потценувајте болката, може да биде посериозна!
Ако болката во вагината ви е длабока и долготрајна, таа може да биде знак на циста на јајниците, фиброиди или ендометриоза.
Решение: Веднаш одете на ултразвук.
Болка која трае повеќе од 24 часа
Ако болката трае повеќе од 24 часа и се појават дополнителни симптоми како чешање, крварење или некакви осип и отекување, задолжително одете кај специјалист!