Општина во Франција одби да венча двојка поради разлика во години

од desk2
99 прегледи

Матичар од општината Кањ-сит-Мер, во француските Приморски Алпи, одби да венча една двојка поради старосната разлика од 42 години, при што несудениот младоженец има 80 години, а неговата избраничка 38.

Венчавката е одложена, а барањето е проследено до републичкиот обвинител, пренесува француски „Nis-Maten“.

Матичарот својата одлука ја образложил со тоа дека разликата помеѓу годините на двајцата заљубени буди сомнеж во „искреноста на нивните брачни намери“.

Жан-Клод (80) и Дебора (38) се во љубовна врска веќе две години, но ќе мора да почекаат правосудството да се изјасни за можностите за нивниот брак, за што ќе бидат потребни два месеци.