Словенците наскоро ќе може да се венчаваат без присуство на кумови, а предбрачен договор ќе биде отворена законска можност.

Присуството на кумовите на церемонијата за венчавање до сега со закон беше задолжителна, но законодавецот го прифати толкувањето дека нивната класична улога, како лице кое го потврдува идентитетот на младоженецот и на невестата, во современото општество стана непотребно.
Младенците во иднина пред началникот на општината, кој ќе ја има улогата на матичар, ќе може да се идентификуваат со лични документи, а кумовите како сведоци ќе бидат на церемонијата, само ако младенците тоа го сакаат.
Новиот закон по прв пат предвидува можност за склопување предбрачен договор со кој се регулираат имотните односи на сопружниците, но и потпишување заедничка отворена изјава со која се одредува кој ќе ја преземе грижата за децата во случај на смрт или трајна неспособност самите да остваруваа родителски права.
Новиот закон стапува на сила на почетокот на следната година, наведуваат словенечките портали.