Нетрпеливоста меѓу двајцата пејачи на Бијело дугме, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа била очигледна и на дочекот на Новата година во Будва.

Како неофицијално пишува „Вијести“, на крајот на новогодишниот концерт дошло и до физичка пресметка меѓу нив двајцата во бекстејџот.
Наводно прво дошло до расправија, а потоа и до туркање, што кулминирало во тепачка меѓу двајцата пејачи.

Тифа наводно му забележал на Исламовиќ што отпеал дел од песна наменет за него.
Сведоци велат дека до судир дошло по завршувањето на концертот, кога се симнувале од бината, а дека подебелиот крај го извлекол Војичиќ, а дека Горан Бреговиќ не сакал да се меша во судирот меѓу двајцата пејачи.