Четири скокалници: Камил Штох славеше и во Гармиш-Партенкирхен

од desk2
94 прегледи

 

Камил Штох славеше и на втората скокалница од новогодишната турнеја Четири скокалници која се одржа во ГармишПартенкирхен.

Полјакот во Германија славеше со скок од 135,5 и 139,5 метри, што му донесе вкупно 238,4 поени.

Второто место му припадна на Ричард Фрајтаг (132 и 137 метри), а трето место на Андреас Фанмел (132,5 и 136,5 метри)

Штох во вкупниот поредок на турнејата води со 563,1 поен пред Фрајтаг кој има 551,3 поени.