Две лица починаа во Јапонија, а голем број се во тешка состојба откако почнале да се задушат со традиционалниот колач од ориз за време на новогодишните забави.

Иако овие колачиња изгледаат безопасно, секоја година умираат неколку луѓе од него, па службениците издаваат предупредување. Колачот се вика мочи, со тркалезна форма и се прави од мек ориз кој се вари на пареа, потоа се удира и се прави пире. Резултатот е леплив ориз кој се пече или се вари.
Јапонците традиционално го прават за Нова година. Проблем е што треба доста долго да се џвака затоа што е леплив и оние кои не можат да го соџвакаат добро како деца или стари, тешко можат да го јадат ова јадење.
Ако само го проголтате колачето, тоа се заглавува во грлото и доведува до задушување. Според јапонските медиуми, 90 отсто од луѓето што дошле на итната помош во новогодишната ноќ дошле поради гушење со мочи. Сите се постари од 65 години.