Неочекуван потег на Ким: Пратил сигнал до Јужна Кореја, тие повикале на состанок во погранично село

од desk2
97 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, вчера, на новогодишното обраќање, рекол дека е “отворен за дијалог” со Сеул.

Јужнокорејскиот министер за обединување, Чо Мјонг Гјон, денес предложил идната недела во пограничното село Панмунџ да се одржат преговори на високо ниво со владата на Северна Кореја, а таа понуда уследила откако Пјонгјанг најавил можен дијалог, иако останува при своите нуклеарни амбиции.

Министерот Чо на конференцијата за новинари изразил очекување дека Северот и Југот ќе се фокусираат на прашањето за учество на севернокорејската делегација на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг, кои почнуваат следниот месец.

Во меѓувреме, јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, денес ијавил дека подобрувањето на односите меѓу Северот и Југот е поврзано со решавање на прашањето за севернокорејскиот нуклеарен програм.

Мун, на состанокот со својот Кабинет, побарал од министерствата за обединување и спорт брзо да воспостават мерки за да се обезбеди учество на Северна Кореја на претстојните Зимски Олимписки игри во Пјонгчанг.


Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, вчера, во новогодишното обраќање рекол дека е “отворен за дијалог” со Сеул и дека постои можност спортисти од Северна Кореја да учествуваат на Олимпијадата. Истовремено, меѓутоа, нагласил дека Северна Кореја е нуклеарна сила.

Во традиционалната годишна порака рекол и дека сака “мирно решение со своите соседи на југ”. Во телевизиското обраќање Ким Јонг Ун додал и дека сака “што побрзо” да започне преговори за учество на нивните спортисти на Зимските олимписки игри.

Северна и Јужна Кореја уште се официјално во војна, иако примирјето трае повеќе од половина век.

https://www.facebook.com/ajplusenglish/videos/1114193112055528/